Ангеловски: Ние сме едно големо семејство и така дојдовме до ЕП
Фудбалските репрезентативци по долг пат пристигнаа вчера дома, каде беа пречекани на граничниот премин Блаце. Од Тбилиси до Приштина, па до Приштина од Скопје, беше маршутата која се случи поради маглата во главниот град на Македонија.
Селекторот Игор Ангеловски пред насобраните луѓе потенцираше дека е благодарен за пречекот на домашно тло и најголема сатисфакција му е што овој успех успеал да го обедини македонскиот народ.
„Ви благодарам што не пречекавте на наша територија. Среќни сме што успеавме да го обединиме народот. Така ние живеевме во репрезентацијa пет години, ние сме едно големо семејство и така дојдовме до ЕП. Среќен сум што работам со вакви фудбалери, се надевам на уште поголеми спортски успеси“, изјави Ангеловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа