Ангелов му кажува збоугм на Ковачевски: Нема да бидам дел од коалицијата на СДСМ

 

Стојанче Ангелов од „Достоинство“ за Студио 10 изјави дека доколку не помине предлог одлуката на „Достоинство“ за надминување на проблемот со 15те семејства на загинати бранители и воени инвалиди, дека ќе ја напуштат владината коалиција.

- Постоеше добра волја од страна на премиерот, министерската Петровска настојуваше да ја истурка оваа одлука во влада. Кога видовме дека нема да помине, изработивме предлог закон за измени и дополнување постоечкиот закон за браители со само една точка - исправање на неправдата која се провлекува повеќе од 20 години и бев изненаден кога во Собранието во првата фаза овој предлог закон доби поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од СДСМ. Ние на следните избори нема да бидеме дел од коалицијата предводена од СДСМ, со тоа што се уште не сме имале средба да зборуваме на оваа тема. - рече Ангелов.

07.03.2024 - 09:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега