Американски тренер злоупотребувал девојчиња од 11 години - му се заканува доживотен затвор
Поранешен тренер од САД е обвинет за злоупотреба на девојчиња во Јужна Калифорнија, некои од нив на возраст од 11 години. Со слични обвиненија тој со соочува и во Флорида, пренесуваат обвинителите.
Ерик Џосеф Кристијансон, поранешен тренер на навивачки клуб е уапсен во Фарго минатата недела. Осомничениот е екстрадиран назад во Калифорнија, каде што е обвинет за злоставување на девојчиња на возраст помеѓу 11 и 16 години. Тој се соочува со 16 точки од обвинението.
Американските медиуми соопштуваат дека доколку Кристијансон биде прогласен за виновен, може да се соочи со доживотен затвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа