Американската крајбрежна стража спаси маж и куче од едрилица за време на ураганот Хелен
Обилниот дожд ги поплави патиштата и ги затвори аеродромите во Флорида. Хелен се претвори во ураган од категорија 4 и помина низ Флорида, а потоа ослабе.
Штетата што ја нанесе се уште не е позната, некои медиуми јавуваат дека е „екстремна“, засега се знае дека се урнати дрвја, електрични водови и дека се поплавени куќи. Многубројни жители биле спасени со чамци на спасувачките служби бидејќи патиштата и куќите им биле поплавени, а некои Хелен ги затекна на едрилица.
Американската крајбрежна стража спаси маж и неговото куче кои пловеле 25 милји од брегот на островот Санибел во Флорида за време на ураганот Хелен.
Човекот се јавил на радио каналот за вонредна состојба на морето – откако неговата едрилица долга 11 метри наишла на проблеми и почнала да се полни со вода, соопшти крајбрежната стража на платформата „Икс“.
Ураганот Хелен беше еден од најголемите што го погоди Мексиканскиот залив
Со ширина од приближно 675 километри, доволно за да ги покрие цела Англија и Велс, ураганот Хелен е трет по големина, веднаш зад Ајда во 2017 година и Опал во 1996 година, кои беа широки 740 километри.
Поради својата големина, Хелен предизвика големи проблеми, вклучувајќи го и подигнувањето на нивото на морето, штетните ветрови и обилните дождови, кои ја погодија Флорида, Џорџија, а сега се шират во Јужна и Северна Каролина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа