АА: Промена во образованието, серии наместо книги

 

„Регресијата и деградацијата сега веќе почнува и во образование. Изјавата на министерката за образование дека нема да има книги и материјали за јазици и дека децата ќе треба да учат од серии е скандалозна и јасно го покажува пристапот на оваа влада кон најважната сфера“, реагираат од Алијанса на Албанците во соопштение испратено до медиумите, откако вчера министерката за образование и наука, Весна Јаневска кажа дека децата нема потреба да учат граматика, туку дека можат да учат и странски јазик од серии.
 
Албанските партии, за кои како што велат, без легитимитет влегле во Владата денеска молчат и ги заборавиле сите зборови што претходно ги кажаа за образованието воопшто и особено за учебниците.
 
„Потсетуваме дека прохрамата на ВРЕДИ вклучува и ветување за усогласување на наставните програми со Косово и Албанија.
Ова само потврдува дека чувствителните теми се злоупотребени за предизборна пропаганда и дека грижа им била само власта, а не квалитетното образование на помладите генерации.
Последните дејствија и изјави, освен што го оштетуваат образовниот процес, претставуваат и потсмев на учениците воопшто, а особено на оние од немнозинските заедници.
Каков друг удар да очекуваме од моноетничката и нелегитимна Влада за да ги убеди сервилите да се откажат од оваа штетна, понижувачка и дегенерирачка мисија?“, прашуваат од АА. 
09.08.2024 - 17:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега