АА: Амнестијата за 27-ми април е поддршка на тероризмот

 
„Моноетничката и нелегитимна власт по којзнае кој пат потврди дека реториката за правда и борба против криминалот е всушност битка за амнестија на најтешките злосторства и антиалбанска кампања“, реагираат попладнево од Алијанса за Албанците преку писмено соопштение испратено до медиумите.
„Со доаѓањето на Владата на ВМРО и вазалите на Влен се поттикнаа сите антиалбански елементи во државата, во судството и во обвинителството. Каква ориентација има оваа власт најдобро покажува денешната одлука за спас на организаторите на крвавите настани од 27 април 2017 година, кои насилно сакаа да го сопрат заземањето на државата. Простувањето на учесниците на овој настан започна со ослободување на затворениците од директорот на затворите, други слични процеси, а сега продолжува со простување на организаторите. Овие одлуки се само поттик за оние кои го нарушија уставниот поредок на државата, го потхрануваат национализмот и го легализираат тероризмот како облик на дејствување.
Ги прашуваме вазалите на Влен кога ќе започнете и повторно судење на други криминалци осудени за уставен тероризам, бидејќи тоа е јавна тајна.
Секоја тенденција да им се прости на организаторите и извршителите на овој макабарски настан само ќе ги поттикне и другите да го сторат истото“, велат од АА.
24.12.2024 - 19:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега