15 минути по полноќ земјотрес ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија

 


Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала е регистриран синоќа 15 минути по полноќ.

Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во соседна Албанија на 80 километри од Скопје со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени.

 

Земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината.

01.01.2025 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега