12 прашања кои мора да му ги поставите на партнерот за да имате успешна врска

 

За жал, во врските често се фокусираме на она што не функционира. Дали постојано размислувате за тоа дека партнерот не ви обрнува внимание, дека предолго останува на работа или дека повеќе сака да си игра на телефонот наместо да разговара за вас?

За овие и сличните проблеми морате да разговарате со партнерот. Доколку навистина сакате да допрете до него, можете да му ги поставите следниве 12 прашања. Со нивна помош ќе откриете што тој мисли за вашата врска и какви чувства крие за вас.

Овој разговор ќе функционира само ако му дадете простор да биде отворен. Прашањата воопшто нема да бидат од корист доколку партнерот го прекинувате на секое прашање или го напаѓате, и обратно. Одговорите што ќе ги добиете се негов поглед кон нештата и во неговиот свет се оправдани. Подоцна можете да си ги замените улогите и прашањата да ги одговарате вие. Доколку се впуштите во ова „испрашување“, можете да дознаете многу за вас и за вашата врска.

Во кои ситуации чувствуваш дека те сакам?

Во кои ситуации чувствуваш дека не те сакам?

Дали те допирам доволно?

Има ли нешто што би сакал да го пробаш во кревет?

Добиваш ли доволно комплименти од мене?

Мислиш ли дека има нешто за коешто не сум искрена кон тебе?

На кој начин го подобрувам твојот живот?

Мислиш ли дека минуваме премногу или премалку време заедно?

Што те повредило најмногу откако сме заедно?

Дали си 100% сигурен дека сум верна?

Дали те плаши нешто во нашата врска?

Дали те иритира некој мој начин на однесување?

02.10.2023 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега