12 активни пожари утрово

 

Во изминатото деноноќие имало 35 пожари на отворено, од кои 23 се изгаснати

Во Северна Македонија, во моментов, активни се 12 пожари, информираше Центарот за упраување со кризи. Станува збор за следните локации:

  • меѓу селата Драгоево и Селце во Општина Штип;
  • меѓу селата Пухче и Пиперово во Општина Штип;
  • кај армискиот полигон Криволак;
  • кај селото Бадилен во Општина Ново Село;
  • меѓу селата Габровник и Мокрени во Општина Чашка;
  • меѓу селата Јаболчишта и Дреново во Општина Чашка;
  • меѓу селата Сирково и Мрзен Ораовец во Росоман;
  • кај селото Фалиш во Општина Кавадарци;
  • кај селото Небрегово во Општина Долнени;
  • кај Пашин мост во Општина Велес;
  • меѓу селата Подлец и Чичево во Општина Градско и
  • кај градската депонија во Делчево

Според ЦУК, во изминатово деноноќие биле евидентирани вкупно 35 пожари. Од нив, 23 биле изгаснати. Најкритичните точки и натаму се гасат и од земја и од воздух.  

На Единствениот број за итни случаи 112, за разлика од завчерашниот рекорден број од 3 159 јавување, во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 2 978 повици.

 

20.07.2024 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа