ЗНАМ: Идните кадровски решенија ќе се утврдат низ интерна партиска процедура

 


Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во досегашната работа е отворено и транспарентно во однос на информирањето на јавноста за чекорите што ги презема во остварувањето на зацртаните политики и стратегии. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во тој дух ја информираше јавноста дека  ги отпочна преговорите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и учество во идната влада, како и дека во кусиот период на разговори, може да се каже дека истите се во завршна фаза, велат од Движење ЗНАМ.

„Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, како што истакнуваше и во кампањата за парламентарните избори, разговара и преговара  многу сериозно  со ВМРО ДПМНЕ врз основа   на платформа, со која настапи и на параламентарните избори, наречена „Проглас  за достоинствена Македонија“.

За Движењето ЗНАМ е важно  Република Македонија да  е демократска, современа,  модерна, европска држава, втемелена врз Крушевскиот манифест и асномските принципи.
Република Македонија да е самоодржлива држава, која произведува сопствена храна и енергија, што индиректно придонесува  во јакнењето на независноста и суверенитетот на државата.

Република Македонија како држава во која правдата е еднаква за сите и нема неказнивост и неказниви и селективност. Држава која промовира нулта толеранција кон корупција и ефикасно се справува со организираниот криминал.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија исто така информира дека со ВМРО-ДПМНЕ   е разговарано и за одредени ресори, но тие во овој момент не се докрај дефинирани, ниту потврдени, а разговорите ќе продолжат во наредните денови.

ЗНАМ  потенцира дека во духот на транспарентноста во работата  и почитта кон граѓаните и  јавноста, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, навремено и точно ќе ги соопшти сите детали за кои е постигнат конечен договор за соработка и учество во идната влада.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија како политички субјект има квалитетни  кадри кои можат да одговорат на предизвиците со кои се соочува државата во било кој ресор.
Конкретните кадровски решенија и одлуките  за тоа ќе ги донесат органите на Движењето ЗНАМ, низ доодветна интерна партиска процедура и истите ќе бидат соопштени во јавноста.

Секоја шпекулација за одредени имиња  и ресори Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги оценува како неточни и невистинити“, стои во соопштението на ЗНАМ.

28.05.2024 - 14:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега