Земјотрес во Врање, се почуствува и во македонски град

 

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во близина на северната граница на Македонија со Србија, на 10 километри од Врање.

Земјотресот бил почувствуван во северниот дел на Македонија и во Бугарија и Косово.

Земјотресот беше на длабочина од 14 километри и се почувствува во 4 часот и 48 минути по локално време.

„На 13.10.2024 година во 04:48 часот по локално време, земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Врање, на 10 километри северно. Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на V-VI степени од Меркалиевата скала“, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод - Србија. 

13.10.2024 - 10:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега