Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

 


Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.50 часот во Босна и Херцеговина.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 11 километри од Гацко.


Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7,9 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

03.03.2025 - 10:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега