Зеленски: Ова ќе биде година на нашата победа
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на годишнината од почетокот на војната во Украина објави дека оваа ќе биде година на победа на Украина.
Зеленски напиша на социјални мрежи дека на 24 февруари милиони Украинци направија избор и избраа отпор и борба.
„24-ти во февруари, милиони од нас направија избор. Не бело знаме, туку сино-жолто знаме. Не бегање, туку соочување со непријателот. Отпор и борба“, напиша Зеленски.
Според него, претходната година беше година на болка, тага, верба и единство.
„И ова е година на нашата непобедливост. Знаеме дека ова ќе биде година на нашата победа!“, напиша претседателот на Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа