Зеленски: Ќе бидам изненадан доколку Белорусија ја нападне Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не ја исклучува можноста Русија да ја нападне неговата земја од соседна Белорусија.
-Меѓутоа, за Украина ќе биде вистинско изненадување доколку биде нападната од самата Белорусија, додаде истовремено Зеленски, цитиран од УНИАН.
Украинскиот претседател зборуваше на заедничката прес-конференција во Киев со неговиот фински колега Саули Ниинисто.
Претходно денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Украина и понудила на неговата земја пакт за ненапаѓање.
Британските медиуми посочуваат дека Русија ја искористи Белорусија како отскочна даска за инвазијата врз Украина на 24 февруари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа