Заврши реконструкцијата на 12.000 метри квадратни пешачки патеки во вториот дел од Градскиот парк

 
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ја завршија целосно реконструкцијата на пешачките патеки во западниот дел од Градскиот парк.
 
Како што информираат градските власти, реконструкцијата на пешачките патеки во вториот дел од Градскиот парк по налог на Град Скопје се реализираше во неколку фази и се одвиваше на вкупна површина од 12.000 метри квадратни.
 
Сите оштетени патеки во западниот дел и во средишниот дел кај малите езерца целосно се обновени со нова асфалтна маса и тој дел од паркот е функционален за рекреација и прошетки на граѓаните.
 
-Содржините во вториот дел на  Градскиот парк овој месец  ги збогатија и екипите од ЈП „Паркови и зеленило“ коишто поставија нова парковска опрема кај езерцата со нов видиковец изработен од дрвени елементи. Изминативе недели екипите ја обновија и оштетената урбана опрема во Градскиот парк, односно ги санираа оштетените клупи и садови за отпадоци, а ги обновија и ги пуштија во употреба по три години чешмите и фонтаните, се наведува во соопштението од Град Скопје. 
21.07.2022 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега