Запален Куран пред египетската амбасада во Копенхаген, трет ваков инцидент оваа недела

 

 

Петмина антиисламски активисти денеска запалија Куран пред египетската амбасада во Копенхаген, што е трет ваков инцидент во Данска за помалку од една недела.

Собирот пред Амбасадата го одржа група, која себеси се нарекува „Дански патриоти“, пренесува „Ројтерс“.

Истата група претходно организира палење на Куранот пред ирачката амбасада во Копенхаген.

25.07.2023 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега