Западoт: Го поддржуваме планот на Бајден за прекин на огнот, Хамас треба да го прифати

 

САД, Германија, Франција и Велика Британија го повикаа палестинското исламистичко движење Хамас да го прифати планот за ставање крај на војната во Газа – неодамна претставен од американскиот претседател Џо Бајден.

Во заедничкото писмо објавено од Елисејската палата вчера вечерта, се вели дека тие земји целосно го поддржуваат сеопфатниот предлог. На маргините на комеморацијата на Денот Д во Нормандија, Франција, лидерите на четирите земји го повикаа Хамас да ја изрази својата целосна согласност и планот веднаш да се спроведе.

Предлогот на Бајден има за цел да стави крај на војната во Газа во три фази. Тој предвидува целосен и неодреден прекин на огнот за период од шест недели. Тоа ќе доведе до траен прекин на огнот во втората фаза. Според нацртот, условите за тоа треба да се договорат за време на прекинот на огнот.

Сепак, Хамас рече дека ќе се согласи со договорот само доколку биде договорен итен и траен прекин на огнот. Германија, САД, Велика Британија и Франција, исто така, повикаа на поголема поддршка за премиерот на палестинската управа Мохамад Мустафа.

Четирите земји ја истакнаа важноста од одржување на стабилноста на северниот сосед на Израел, Либан. Тие сакаа да поддржат деескалација на израелско-либанската граница и ги повикаа сите страни на воздржаност, пренесува Дпа.

Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, го отфрли договорот за прекин на огнот со Израел кој би дозволил разоружување на неговата терористичка милиција, објави вчера Волстрит журнал.

„Хамас нема да го предаде своето оружје или да потпише предлог што го бара тоа“, наводно им рекол ал-Синвар, кој престојува на непозната локација во Појасот Газа, на преговарачите на неговата организација, објави Волстрит џурнал, цитирајќи арапски посредници.

07.06.2024 - 09:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега