Заменик министерката за транспорт се сретна со косовските колеги: Патот Тетово-Призрен во фокус на разговорите

 
Моја официјална посета надвор од земјата ја реализирав во Република Косово, каде што се сретнав со колегите Министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу, и заменик министерот Хисен Дурмиши. Придружувана од пратеникот Аднан Азизи, средбата беше, фокусирана на соработката меѓу нашите две земји за значајни инфраструктурни проекти кои ќе имаат позитивно влијание врз граѓаните од двете страни, соопшти заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи Шаќири.
 
Во соопштението испратено до медиумите се наведува дека во центарот на дискусиите биле виталниот проект за патот Тетово-Призрен, стратешки проект кој ќе помогне за подобра поврзаност меѓу нашите две држави и ќе го олесни движењето на граѓаните и стоките. 
„Покрај патот Тетово-Призрен, разговаравме и за продолжување на останатиот дел од проектот за патот Скопје-Блаце, уште еден клучен сегмент кој ќе ги подобри инфраструктурните врски меѓу Северна Македонија и Косово. Овој проект е заеднички приоритет и ќе придонесе за зголемување на ефикасноста на транспортот меѓу нашите две земји.
 
За време на средбата, беа разгледани и неколку други конкретни проекти кои имаат за цел подобрување на патната инфраструктура и подобрување на квалитетот на животот на нашите граѓани. Ние сме посветени да обезбедиме успешна реализација на овие проекти, следејќи ги највисоките стандарди и осигурувајќи дека нивните придобивки ќе ги почувствуваат сите граѓани. Нашата соработка со Република Косово е одличен пример за добра волја и посветеност за заеднички развој на нашиот регион“, стои во соопштението на нејзиниот Кабинет.
22.08.2024 - 17:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега