Заменик директорот на Национални шуми: Почна упадот, паѓа империјата Заеви

 
Како што е веќе познато денеска во Скопје, Гостивар и Струмица се вршат повеќе претреси во домови и фирми за даночни измами. Од МВР и обвинителството потврдија дека има акции на повеќе места, но не откриваат koи се струмичките фирми што се тресат за даночни измами и затајувања. 

Засега она што се знае е дека се одзема огромна документација, но и други предмети кои се наоѓаат при самите претреси. Неофицијално, на полициски разговор се повикани десетина управители, адвокати, нотари кои се поврзани со работењето на струмичките и скопските фирми  за кои се сомневаат дека функционираат во систем на криминална пирамида која сигурно излегува и преку државните граници. Она што исто така се знае е дека целата акција на институциите на државата е поврзана со докажување на повеќе кривични дела даночно затајување, перење пари, незаконски поврат на ДДВ со што е оштетен буџетот на граѓаните од неколку десетици милиони евра. 

Неофицијално, во случајот се вмешани луѓе кои важат за блиски до највисоките структури на претходната власт а под полициска опсада е познат ресторан во Струмица.
 
На оваа тема, која е на насловните во попладневните и вечерните вести, со реакција на социјалните мрежи се огласи и заменик генералниот директор на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов кој напиша: „Почна упадот, ќе започне, падот на империјата Заеви“, алудирајќи на денешната акција.
Неколку часа подоцна, на социјалните мрежи заменик генералниот директор, објави и фотографија кај „Мекиците од Стража“, а во нејзиниот опис напиша „Тука е ладничко, ама Струмица денес е жешко“.
12.09.2024 - 23:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега