Зајкова: Сите имаме политички програми, но поважно е како ќе го продолжиме процесот на евроинтеграции

 

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова пред денешната средба на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски со лидерите на владината коалиција повика на разум и проактивност кај сите политички партии во државата со цел земјата да продолжи кон евроинтегративниот пат.

- За темите на денешнава средба дознавме синоќа од вас медиумите. Она што ЛДП може да повика внатре, доколку тоа бидат темите на разговор е на разум и проактивност на политичките партии. Сите имаме свои политички програми и заложби што треба да ги оствариме за граѓаните да живеат подобро, меѓутоа сега на сите треба да ни е поважно како понатаму ќе го продолжиме процесот на евроинтеграција. Затоа сметам дека не е време за условување или калкулации. Но, да повикаме на единство и разум, сите заедно да продолжиме да ја движиме државата напред, изјави Зајкова.

Љупчо Балкоски од ВМРО-Народна партија пред состанокот не даде конкретен одговор дали ќе излезат од владината коалиција доколку не ги прифатат нивните барања.

- Она што го кажувам во Собранието е во интерес на целата држава, како и на кој начин да постапи за да се завршат коридорите, а не само да се започнат. Тоа е една работа, а сега ќе видиме што ќе каже премиерот во другите делови што како коалицијата треба да знаеме како што се меѓународните односи, до каде сме тука во целата таа работа, рече Балковски. 

19.05.2023 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега