Забранете ги паметните телефони во училиштата, апелира УНЕСКО

 

 

Децата, особено училишните деца, станаа зависни од користење мобилни телефони и тоа воопшто не е добро. Нема социјализација, дружење, смеење, разговор, а тоа само ги влошува работите за нив и за целото општество.

Во извештајот на Обединетите нации се предупредува на прекумерната употреба на паметните телефони. Како што наведуваат, тие треба да бидат забранети во училиштата за да се решат проблемите на училиште и да се помогне да се заштитат децата од малтретирање на интернет, пишува „Гардијан“.

УНЕСКО објави дека постојат докази оти прекумерната употреба на мобилни телефони е поврзана со намалени образовни перформанси и дека времето поминато на екранот има негативно влијание врз емоционалната стабилност на децата.

„Дигиталната револуција има немерлив потенцијал, но како што се предупредуваа како таа треба да се регулира во општеството, слично внимание мора да се посвети и на начинот на кој таа се користи во образованието. Употребата мора да биде за унапредување на учењето и во корист на учениците и наставниците, а не на нивна штета. Интернет-врските не се замена за човечката интеракција“, изјави генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулеј.

Прекумерната употреба на технологија може да ги вознемири и да има штетно влијание врз учењето кај децата, се наведува во соопштението.

Многу земји се согласуваат, а се вели дека Кина постави ограничувања за користење дигитални уреди ограничувајќи ги на 30 проценти од вкупното време на часовите, при што се очекува учениците да прават редовни паузи од екранот.

Врз основа на анализа на 200 образовни системи во светот, УНЕСКО процени дека една од шест земји ги забранила паметните телефони во училиштата. Меѓу нив се Франција, која ја воведе оваа политика во 2018 година, и Холандија, која ќе воведе рестрикции од 2024 година.

26.07.2023 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега