За две недели Лајка залови 58 кучиња

 

 

Во текот на стратешкото заловување кое траеше две недели во општина Гази Баба заловувачкиот тим на ЈП Лајка постапи на неколку локации.

Од 31 јули до 04 август, Лајка известува дека заловувала во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово.

Од 07 до 11 август тимот на Лајка заловуваше во Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци, а интервентно се постапуваше во останатите скопски општини, велат од таму.

Во овој период тимот на Лајка заловил 58 кучиња.

14.08.2023 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега