За Британците, „Визер“ е најлошата авиокомпанија за кратки летови

 

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ од Британците е прогласена за најлоша авиокомпанија за летови на кратки релации. Патниците анкетирани од британската здружението за потрошувачи „Кое?" (Which?) му дадоа на превозникот една ѕвезда од пет можни, оценувајќи го нивниот престој во авионот, условите и удобноста на седиштето, јави ДПА.

Истражувањето на здружението за потрошувачи опфати 8.046 Британци испитани во октомври 2022 година за нивните искуства од патувањето со авион изминативе две години.

Не повеќе од две ѕвезди беа доделени во сите други категории, вклучувајќи ја односот квалитет-цена и чистотата. Превозникот има летови на кратки релации од осум аеродроми во Велика Британија, вклучувајќи ги Бирмингем, Единбург, Гетвик и Лутон. Вкупниот рејтинг на авиокомпанијата „Визер“ меѓу кориниците е 48 отсто, со што таа е на дното на ранг-листата, зад „Рајанер“ (52 отсто), „Еуровингс“ (53 отсто) и „Бритиш ервејс“ (56 отсто).

Британската управа за цивилно воздухопловство во декември соопшти дека има „значителна загриженост“ за „неприфатливото“ однесување на „Визер“, бидејќи нивни патници сѐ почесто се жалат од корисниците на другите авиопревозници. Регулаторот, исто така, откри дека авиокомпанијата ја одложува исплатата на парите што им ги должи на патниците.  

22.02.2023 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега