Вучиќ му честита на Додик: Допрва доаѓа ерата на големи предизвици за Србија и Република Српска

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, упати честитка до претседателот на ентитетот на Република Српска, Милорад Додик, по повод Денот на Република Српска, кој Уставниот суд на Босна и Херцеговина го прогласи за неуставен.

„Верувавме дека тешките времиња се зад нас, но се плашам дека допрва доаѓа ерата на големи предизвици како за Србија така и за РС“, вели Вучиќ.

Тој додава дека Србија „сите овие години се однесуваше одговорно и доследно ги поддржуваше Дејтонскиот мировен договор и правните рамки што произлегуваат од тој договор“.

„Многумина што учествуваа во донесувањето на оваа рамка се обидуваат да се исмеваат со нејзините фундаментални постулати и суштински да го избришат постоењето на РС со нејзините уставно загарантирани надлежности. Србија нема да го промени својот став и ќе остане посветена на словото на Дејтонскиот договор поддржувајќи го територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, но и остро се противи на укинување или какво било понижување на Република Српска“, рече Вучиќ.

Инаку, Уставниот суд на БиХ 9 јануари го прогласи за празник, а Денот на РС трипати за неуставен.

09.01.2024 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега