Вучиќ добивал закани, уапсено едно лице
Уапсено едно лице од Сомбор кое упатувало закани кон претседателот на таа држава.
Министерот за внатрешни работи на србија, Ивица Дачиќ изјави дека српската полиција го уапсила Д.М. поради закани за загрозување на безбедноста на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на Републиката, уапсен е Д.М. од Сомбор, кому му е одредена мерка притвор во полиција од 48 часа“, се вели во соопштението на МВР на Србија.
Вучиќ на социјалната мрежа Х изјави дека е шокиран од атентатот врз словачкиот премиер и дека се моли за здравје на големиот пријател на Србија, Роберт Фицо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа