Вработените во ЈСП добија плата и нема да протестираат
Вработените на Јавното сообраќајно претпријатие ги добија платите на своите сметки и утре нема да има протести.
Тие претходно побараа исплата на јулската плата, во спротивно се заканија дека утре повторно ќе излезат на протести ако денеска не бидат примени на средба од страна на градоначалничката Данела Арсовска.
Иако тие не успеале да добијат средба со Арсовска, платите денеска биле пуштени на сметките на вработените.
17.08.2023 - 15:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа