(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Грција: Група девојчиња на улица тепаат 14-годишно дете

Група малолетници нападнале 14-годишно девојче на улица во Глифада, а целиот инцидент е снимен на надзорните камери од околните продавници.

На видеото се гледа како група девојчиња во саботата вечерта ѝ приоѓаат на жртвата пред продавница за облека на улицата Лазараки, објави Прототема.

Групата се приближила до 14-годишно девојче кое било со нејзините другарки и почнале да ја удираат со тупаници и клоци додека жртвата не паднала на земја. Случајните минувачи, главно помлади, само гледале што се случува.

Сѐ е веднаш пријавено во полиција и според информации се уапсени две малолетнички, пријателки на 14-годишното девојче, како и нивните родители.

24.09.2024 - 19:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега