Вонредно обраќање на Путин: Нашиот одговор ќе биде суров

 

 

Рускиот претседател Владимир Путин во моментов се обраќа на јавноста, откако беа подигнати безбедносни мерки низ целата земја.

– Ова е еднакво на вооружен бунт, Русија ќе се брани – рече на почетокот Путин и додаде дека Русија се бори за животот и безбедноста на граѓаните на Федерацијата.

– Секој конфликт мора да се отфрли за време на специјална воена операција. Ова е обид да не нападнат одвнатре, ова е предавство – рече Путин.

Путин рече дека Русија води тешка битка за иднината и дека целата „воена и информатичка технологија на Западот е против Русија“.

– Како граѓанин на Русија ќе направам се за да ја одбранам земјата, ќе бидат преземени решителни дејствија. Секој бунт е смртоносна закана, нашиот одговор ќе биде суров. – вели Путин.

24.06.2023 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега