Воен авион се запали и се урна на Алјаска, загинаа две лица
Две лица загинаа кога авион со гориво се запали и се урна во близина на меѓународниот аеродром „Фербенкс“ на Алјаска, соопштија властите.
Еден од двајцата пилоти во авионот што превезувал гориво непосредно пред падот пријавил дека авионот се запалил пред да се урне и изгорел во близина на аеродромот, пренесува АП.
Шефот на регионалната канцеларија на Националниот одбор за транспорт на Алјаска, Клинт Џонсон, рече дека пилотот остварил радиоконтакт веднаш по полетувањето.
„Тие се обидуваа да се вратат на меѓународниот аеродром ‘Фербенкс’ кога изгубија контакт“, рече тој.
Авионот полетал од „Фербенкс“ и се урнал на 11-ина километри јужно во реката Танана удирајќи во стрмен рид, се лизнал од насипот до брегот на реката и изгорел целосно. Авионот превезувал 3.200 галони (12.100 литри) мазут за Кобук, село Инупија, со помалку од 200 луѓе, сместено на околу 480 километри северозападно од „Фербенкс“.
Федералната управа за авијација го идентификува авионот како Douglas DC-54, (DC-4), воен авион користен за време на Втората светска војна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа