Во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2023/2024 година

 

Министерството за  социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2023/2024 година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.

30.07.2024 - 15:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега