Во Србија се одржуваат белградски и локални избори во 89 градови и општини

 

Во Србија денеска се одржуваат локални избори во 89 градови и општини, вклучително Белград, Нови Сад и Ниш. Во Белград се повторуваат изборите, откако на претходните кои беа одржани во декември, никој немаше мнозинство да формира власт.

До 11 часот во Белград гласале 14,3 отсто од гласачите, во Нови Сад 18,2 отсто и во Ниш 12,9 отсто. Ова се први проценки за излезноста што ги објавија ЦеСИД/Ипсос.

Споредено со излезноста на изборите во 2023 година, излезноста во сите овие градови е поголема, пренесе РТС.

На инсистирање на опозицијата, белградските избори се спорени со другите локални самоуправи каде не беа одржани во декември, а беа планирани за есен.

Дел од опозицијата ги бојкотира изборите во Белград, сметајќи дека изборните услови не се подобрени, додека за учеството на изборите во другите градови и општини најмногу одлучуваа месните комитети.

02.06.2024 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега