Во Нов Зеланд повторно дозволени оргии, но само под еден услов: Премиерката преку хумор ги потврди новите мерки

 

Во интервју за локалната станица, новозеландската премиерка Џасинда Ардерн изјавила дека „семафор системот“ кој започнува да се применува во земјата, ќе дозволи и најинтимни собири, пренесува „Lad Bible“.

Премиерката потврдила дека на жителите на Оукленд законски им е дозволено и да учествуваат во оргии, по изолацијата поради коронавирусот.

На барањето да даде повеќе детали за системот, Ардерн рекла дека сè е дозволено, од излегувања до оргии, но само ако во просторијата нема повеќе од 25 луѓе.

„Можам да потврдам дека врските на Тиндер се повторно отворени. Тоа не е баш строго вклучено во „семафор системот“, но, во црвено се дозволени до 25 луѓе“, рекла таа низ смеа.

14.12.2021 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега