Во фарма во Германија изгореа илјадници свињи

 


Илјадници животни загинаа во пожар во голем објект за товење свињи во регионот Алтмарк во Саксонија-Анхалт во северно-централна Германија.

Пожарникарите првично соопштија дека во пожарот загинале околу 20.000 свињи. Портпаролот на компанијата подоцна изјави дека умреле 1.750 маторици и непознат број прасиња.

Според претставник на областа Салцведел, во регионот Алтмарк, вобичаено на една маторица доаѓале по околу осум прасиња. 

Според информациите спасени се 5.200 маторици и 35.000 прасиња.

Во гаснењето на пожарот учестувале вкупно повеќе од 210 пожарникари, соопшти локалната окружна управа.

-Напорите за гаснење на пожарот најверојатно ќе продолжат во текот на викендот, изјави Инга Оте-Соненшајн, шефица на канцеларијата за правни работи.

Во пожарот, појасни таа, уништено е околу една третина од одгледувалиштето за свињи.

14.04.2024 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега