Во британските весници имало 843 написи за Меган Маркл во период од две години

 

Принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс ја шокираа јавноста кога на 8 јануари објавија дека ја напуштаат функцијата високи членови на кралското семејство.

Една од најзначајните промени што парот ги прави е да им ограничи пристап на група британски медиуми до личните соопштенија за печат по долгогодишно медиумско покривање и уредничка политика со фаворизам за која парот смета дека била неправедна и која имала цел да шири јавно мислење против Меган.

Од објавата, новинари открија некои од најподлите и најосудувачки наслови на британски медиуми за Меган и ги споредија со она што истите медиуми – понекогаш дури и истите автори – мислат за слични ситуации кога била вмешана војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам.

И покрај нејзиното отсуство, Меган сè уште е најозборуваната кралска личност во Велика Британија. Се чини дека таа е главниот лик во сечиј разговор.

Според анализата на „Гардијан“, во периодот меѓу 2018 и 2020 година имало 843 написи за Меган во 14 печатени весници, а со нејзиното неодамнешно интервју за „Шоуто на Елен Деџенерес“, има уште повеќе да се каже за војвотката од Сасекс.

Гласини, озборувања, омраза, булинг, расизам… таа се соочи со сето ова. Нападот врз нејзиниот лик, нејзиното семејство и нејзината боја стана главна вест на големите британски публикации и на социјалните мрежи.

Отако се стекна со кралски статус, Меган беше изложена на екстремен булинг од страна на печатот, кој себе си дава слобода да известува за јавни личности.

И како што еднаш праша еден човек: „Слобода за што? Слободата на печатот има за цел да ги повика на одговорност оние кои се на власт. Тоа е платформа за да се слушнат различни гласови. Меѓутоа, како оваа слобода се поврзува со нападот против Меган Маркл?“

„Дали е слободата да малтретираш? Дали е слобода да се објавуваат приватни писма во јавност? Дали е слобода да се споредува женско дете со животно – со мајмун? Дали е слобода да ја избркаш од земјата? Дали е слобода да ја обвинувате за одлуката да се повлече од кралските должности?“

01.12.2021 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега