Внукот на Мајкл Џексон ќе го глуми во биографски филм

 

Внукот на Мајкл Џексон, Џафар Џексон, ќе го глуми ликот на поп-иконата во биографски филм во режија на Антоан Фукуа, авторот на Training Day („Ден за обука“).

„Горди сме што можеме да го објавиме @jaafarjackson како Мајкл во филм што го истражува патувањето на човекот кој стана крал на поп-музиката“, објави Фукуа на „Инстаграм“. „Доаѓа набргу“.

Џафар е 26-годишен син на басистот и пејач на бендот „Џексон фајв“, Џермејн Џексон, еден од постарите браќа на кралот на попот.

И Џафар се огласи на „Инстаграм“ со своја објава, во која напиша: „Понизен сум и почестен што можам да ја оживеам приказната на мојот вујко Мајкл“, а на обожавателите им вети: „Се гледаме набргу“.

Мајкл Џексон беше еден од најпознатите и најконтроверзни уметници на сите времиња, почина во 2009 година на 50-годишна возраст од акутна интоксикација со „пропофол“.

07.02.2023 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега