Внимавајте: Овие уреди трошат струја и кога се во мирување

Ова е листата на уреди кои трошат електрична енергија и додека се во состојба на мирување.

Полнач за мобилен телефон

Многумина го оставаат полначот во штекер и откако ќе завршат со полнење. Така се чини попрактично, а и често сме мрзеливи да го извлечеме кабелот. Трошокот кој го прави самиот полнач не е голем, но постои.

Дигитален ТВ приемник

Малку кој е свесен за работата на дигиталните приемници, но тие продолжуваат да примаат сигнали и кога телевизорот е исклучен. Значи, кога ќе го исклучите телевизорот, исклучете го и приемникот, ако го имате посебно. Додека беспотребно работи, троши 22 вати на ден.

Телевизор

Дали сте знаеле дека со стискање на копчето за исклучување на телевизорот всушност само го ставате во состојба на мирување. За жал, тоа е така- целосно можете да го исклучите само ако го извлечете кабелот од штекер. Инаку, телевизорот кој не работи, троши 24 вати на ден.

Компјутери и лаптопи

Дури и кога се исклучени, десктоп и преносните компјутери додека се на полнач, работат во позадина. Ако не сакате да ви „крадат“ 95 вати на ден, подобро исклучувајте ги од штекер. Не треба да се истакнува дека, ако овие уреди ги држите на „stand by“ потрошувачката е уште поголема.

Уреди со мерач на време

Секој има барем еден таков во домаќинството. Микробранови печки, ДВД плеери… сите тие го покажуваат времето додека се исклучени. На тој начин трошат дополнително 108 вати на ден. Како и се останато, единствено решение е целосно да им се запре дотокот на електрична енергија.

29.09.2022 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега