ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги
Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„На вчерашната седница владата пристапи кон предлог измени на Законот за здравствена заштита, со цел укинување на институцијата економски директор во јавните здравствени установи.
Со укинувањето на економските директори, се укинува дуализмот во здравството, но и се подобрува ефикасноста.
Со воведување на систем на еден директор, се намалуваат административните трошоци, а средствата ќе се пренасочат во подобрување на здравствената инфраструктура, зголемување на транспарентноста и отчетноста.
Исполнуваме. За тебе“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа