ВМРО-ДПМНЕ: СДС и неговиот шеф Филипче да се подготват за одговорност за потрошените милиони народни пари кои не се знае каде завршиле
За 1 милион евра државни тендери очекувавме пиар агенцијата на СДС, Рејтинг на Никола Спасов да биде поинвентивна во смислувањето лаги и манипулации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Спасов е чист пример како во времето на СДС парите единствено се трошеа кај пулените на СДС, наместо кај граѓаните.
Спасов се стекна со милиони од државни тендери креирајќи лажни анкети кои не беа ни блиску до реалноста.
Спасов од Рејтинг во ек на власт на СДС доби одобрение за изградба на фотоволтаична централа од 2.18 мегавати.
Кога сме кај возењето со авиони, токму функционерите на СДС ги оштетија граѓаните. Од 30 дена, владиниот авион министрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена, дури и до Ниш, а Заев и министри на СДС одеа со државен хеликоптер дури и до градови низ Македонија без никаква потреба.
Заради СДС за владиниот авион за сервис ќе се платат 1 милион евра од буџетот на граѓаните.
Заврши времето на нерационално се трошеа народните пари и наместо за граѓаните парите одеа кај пајташите на СДС и ДУИ.
Вистинското прашање кое СДС треба да одговори каде се поделени 100 милиони евра без критериуми за наводна поддршка на компании во ковид?
Или како се потрошени 550 милиони евра за пруга која завршува во тунел без излез?
Или како се трошеа матните тендери преку нивниот шеф Филипче во време на ковид криза?
За сето ова ќе има истрага, а потоа ќе следи и одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа