ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Кузеска во одбрана на екстра профитите на енергетската мафија, лажат и измислуваат наводни афери за Сања Божиновска
СДС и Кузеска во одбрана на екстра профитите на енергетската мафија, лажат и измислуваат наводни афери за Сања Божиновска, ќе треба пак да се извинуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Кузеска се ставени во одбрана на целата енергетска мафија во СДС од Марковски компани и ископот и ремонтите во РЕК, преку увозниците на скап јаглен од странство, трговците на струја како синот на Муса Џафери до производителите на струја како братот на Венко Филипче, Вице Заев и сопругата на Димитар Ковачевски.
Целиот врв на СДС има интереси во енергетиката и бизнисот со струја, интереси и конекции направени додека биле на власт, сега се плашат дека нема да ги имаат истите привилегии и од страв и паника измислуваат и фабрикуваат лаги за министерката Сања Божиновска.
Лагите им се до толку очајни што пред една недела измислија лажни членови на УО во МЕПСО, за потоа да мораа да се извинуваат. Исто и сега фабрикуваат лаги за наводна афера на Сања Божиновска и фирма, во која истата ниту била вработена во периодот кој го спомнуваат.
Голем е криминалот во енергетиката направен од СДС кога не бираат што зборуваат. Знаат дека следува одговорност за ограбената држава, затоа стравот е голем“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа