ВМРО-ДПМНЕ: Последните предлог-закони на ДУИ се показател за нивното нецелосно разбирање на Уставот
ВМРО-ДПМНЕ смета дека последните предлог-закони на ДУИ се показател за нивното нецелосно разбирање на Уставот, законите и компаративната практика и се резултат на очај и паника, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Иако разбираме зошто ДУИ ги прави овие чекори, не можеме на ниту еден начин да ги оправдаме. Впрочем, ова ние и го најавивме бидејќи знаеме кои лични мотиви се причината за овој негативен однос од нивна страна.
Советуваме ДУИ да разгледа повторно каде ги вложуваат своите ресурси, бидејќи предложените закони се несоодветни и некомпатибилни со уставните и правните норми на нашата држава.
Рамковниот договор е важна придобивка и актуелната политичка коалиција ќе продолжи да го почитува, применува и заштитува. Важно е да се зачува уставниот поредок и да се дејствува во интерес на сите граѓани на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на овие принципи и ќе продолжи да се бори за доброто на нашата држава“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа