ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност за Судскиот совет и судијата кој дозволи бегство на Рамадани
Потребна е одговорност и разрешување на судијата кој дозволи бегство и го пушти во домашен притвор Блерим Рамадани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Потребна е одговорност и на Судскиот совет кој дозволи да помине несанкционирано ова дивеење на судиите од криминалниот картел СДС-ДУИ. Тоа се истите луѓе кои го штитат криминалот на картелот кој го внесе на тие позиции.
Сега е и јасно, зошто СДС не се огради од криминалот на струмичкиот судија Наќе Георгиев, кој од обичен судија стана Врховен судија и призна вина за барање на мито?
Зошто ДУИ не се огради од криминалот на Иџет Мемети член на Судскиот совет кој призна вина за барање на мито?
Сега е и јасно зошто ДУИ и СДС се против распуштањето на Судскиот совет“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа