ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се трансформира
Премиерот Мицкоски ја пушти во употреба железничката делница Куманово-Бељаковце дел од пругата кон Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„9 нови авионски линии за 6 месеци, Министерот Николоски најави и почеток на реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром.
Министерот Муцунски на средба со европратеникот Карло Реслер, во фокус напредокот на земјата на патот кон ЕУ.
Директорите на македонската и хрватската Царинска управа договорија унапредување на соработката, сè со цел пожестока борба и сузбивање на организираниот прекуграничен криминал во регионот.
Македонија се трансформира!“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа