ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, Петровска и Деспотовски кои им асистираа на Заев и Ковачевски сега сакаат да ги заменат
СДС продолжува по ист пат, Филипче, Петровска и Деспотовски кои им асистираа на Заев и Ковачевски сега сакаат да ги заменат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во СДС нема свежина, нема нови идеи, ниту нов правец.
Венко Филипче е министерот за здравство кој во ек на корона туркаше матни тендери и бркаше милионски провизии.
Славјанка Петровска е министер за одбрана која народот ќе ја памети по криењето на луксузната хациенда.
Јован Деспотовски е директорот на ФИТР, каде се даваа грантови за се само не за иновации.
Кадрите на Заев и Ковачевски не можат да донесат ништо ново“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа