ВМРО-ДПМНЕ: Екс министерката Бисера го „палела“ владиниот авион за до Црна Гора

 

„Чорапи, хулахопки, мечиња, топки, ручеци, вечери, изнајмување на станови, шетање на пријателки, па и авионски карти кои не се користени… За сето ова и за многу други работи Бисера Антоанета трошела народни пари без воопшто да не и гајле дали ја претставува државата. Очигледно единство и било приоритет да се грижи за личните интереси и за личниот џеб“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бисера Антоанета никако не сопирала со нејзината алчност и непромисленост. Бисера Антоанета одела дотаму што ангажирала владин авион за пат до Црна Гора поточно во Цетиње.

Бисера Антоанета многу чудно, но очигледно тактизирала со 12-те дена пред настанот кога бил стигнат дописот за истиот. Па така правејќи се дека не знае издејствувала авион за два дена за да патува до Цетиње, Црна Гора.

Бисера Антоанета за таа цел платила 102.347 илјади денари или околу 1700 евра кон владината Служба за општи и заеднички работи.

Инаку поканата во кабинетот на Бисер Антоанета стигнала 2 декември 2022 година, а таа реагирала по 12 дена. Зошто само таа знае, но јасно се надзира зошто е тоа така. Но, јасно е е и дека таа можела да замине со службено возило што е многу поевтино.

Бисера Антоанета треба да одговори на многу прашања, за хулахопките, мечињата, неискористените авионски карти, како и за ова патување на толку кратка релација.

Бисера Антоанета е само еден од многуте случаи од СДС. Со детали за расипничкото однесување продолжуваме и денес“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

03.09.2024 - 09:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега