ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да испита и отвори случај за џипот на Филипче, крие ли имот на друго име?
ДКСК да испита и отвори случај за џипот на Филипче, крие ли имот на друго име?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ДКСК да провери како е набавено луксузното Ауди Q8.
Дали Филипче го платил со свои пари или друг го купил за него. Доколку друг го купил зошто му го дал на Филипче и дали може да се доведе во корелација со некој тендер или можеби со фирма или поединец кои имале бенефит од власта.
ДКСК да отвори случај и да ги истражи сите детали, по што мота да следува и соодветна постапка“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
16.07.2024 - 09:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа