ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче влијаел за доделување на тендери на веледрогеријата Пановски?
Дали Филипче влијаел за доделување на тендери на веледрогеријата Пановски во висина над 35 милиони евра? Ова денеска преку соопштение прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението во целост:
Вештачката криза што се случува години наназад, поради тоа што веледрогеријата Пановски, која е во блиска релација со Филипче, го уценувала македонското здравство за што поголем профит.
Профитот што го остварувала оваа веледрогерија, го правела врз маките на граѓаните, кои плаќале огромни суми за лекови за да го продолжат животот на најблиските.
Граѓаните вакво нешто не заслужуваат. Македонското здравство заслужува подобар третман и услуги. Оваа мафија на смртта која што палела и гасела во македонското здравство мора да одговара.
Го повикуваме ЈО да отвори истрага против оваа мафија која што ја интересира само профитот од маката на граѓаните. Исто така, да истражи колку пари се испумпувале од ФЗОМ и Клиниките.
Правдата мора да дојде, а оваа мафија да одговара.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа