ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да предвидеше рабат на договорот за нафта на ЈСП сега ќе имаше пари за годишната рата за автобусите

 

Арсовска да предвидеше рабат на договорот за нафта на ЈСП сега ќе имаше пари за годишната рата за автобусите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Арсовска брзаше да го потпише договорот со Пуцко Петрол за набавка на нафта без попуст, и го оштети градот и ЈСП.

Арсовска нема ништо во главата освен тендери.

Откако ги ограби ЈСП Комунална хигиена и другите претпријатија сега ги пушта низ вода, а Скопје го остава целосно нефункционално.

За состојбата во која се наоѓа Скопје Арсовска треба да бара одговори кај себе и СДС со кои делеше тендери. А наскоро од денес ќе треба да понесе и одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

14.08.2024 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега