ВМРО-ДПМНЕ: Амбасадорот Попов во Вашингтон изнајмувал луксузна резиденција, иако имал простор во самата амбасада

 

Нов скандал ја тресе македонската дипломатија, овој пат со амбасадорот во Вашингтон, Зоран Попов, кој пред да биде именуван беше претседател на комисијата за надворешна политика на СДС. Очигледно и дипломатијата се претвори во листа на желби за удобства на грбот на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено новоименуваниот амбасадор во Вашингтон, Зоран Попов си изнајмил резиденција за преку 6.000$ месечно во ексклузивен дел на Вашингтон, Бетезда, иако во склоп на амбасадата има резиденција за амбасадор каде што живееја сите амбасадори до сега.

Попов не сакал да живее во резиденцијата, затоа што не му се допаѓало, па си избрал луксузно сместување. На оваа сума има плус режиски трошоци од 1.000$ кои доколку живее во резиденцијата во наша сопственост нема да ги има или ќе бидат минимални. Платата му е 5.000$, а си земал стан од преку 6.000$.

Со што ги заслужи овие луксузирања Зоран Попов? Што сработи во изминатиот период?

МНР треба да ја испита ваквата раскалашеност и да побара одговорност од Попов, бидејќи во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај недозволиво е некој непотребно да троши народни пари во Вашингтон“ – порачуваат од партијата.

27.02.2023 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега