ВМРО-ДПМНЕ: Ако срамот имаше второ име ќе се викаше Кацарска или Трпков
Злоупотреби со притвори, изживување со судења кои траат по 12 часа, неосновани апсења, стигматизирања, политички говори во судница, уништувања на семејства и поигрување со нивните судбини, споро убивање на правдата се дел од политичките злодела на дел од партиските судии на Заев, Филипче, СДС и ДУИ. Ова денеска го велат од СДСМ преку соопштение, кое ви го пренесуваме во целост:
Ако срамот имаше второ име сигурно тоа ќе се викаше Добрила Кацарска и Илија Трпков.
Со вистинско чудење сеуште се раскажуваат телефонските повици и нарачки кои овие политички извршители ги добивале од Владата на Заев и Филипче во процесите кои ги водеа, а чија цел беше наместо докажување на правда, силна политичка пресметка.
Исто како што се раскажува и сервилноста, понизноста и бесрамноста со која истите судии, слуги на СДС и ДУИ, ги кршеа и газеа процедурите, законите и носеа одлуки со кои зацрнуваа семејства. Се натпреваруваа кој ќе направи поголема штета врз ВМРО-ДПМНЕ во исто време кога милионскиот грабеж на Македонија од Ахмети, Филипче и Заев остануваше неказнет.
Нивните одлуки беа срам и преседан за судството и обвинителството, а за многу помали работи истите тие не само што требаа да бидат разрешени од судии, тие требаат и мораа да се соочат и со кривична одговорност и да бидат ставени на столбот на срамот како ја понижуваа и сопираа правдата.
На сето ова мора да му дојде крај. Токму затоа СДС не ги поддржува судските реформи и не поддржува смена на Коцевски. Затоа што тие се последната брана за правдата која мора и ќе биде победена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа