ВМРО-ДПМНЕ: 250 милиони евра за капитални проекти за општините од септември
250 милиони евра за капитални проекти за општините од септември, владата се грижи за рамномерен регионален развој, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во септември градоначалниците од цела држава ќе можат на аплицираат на јавниот повик на Министерството за Локална самоуправа за добивање средства за проекти во нивните општини.
Градоначалниците од цела држава да направат и довршат што е можно повеќе проектна документација, со цел да аплицираат за повеќе проекти.
Ова е прва година за проектот 250 милиони евра за општински проекти, ист ваков повик ќе има секоја година, а вториот ќе се случи веќе за неколку месеци од сега
Време е за реален раст и развој. Време е за рамнорен развој.
Исполнуваме“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа